Топ5
Thierry Henry

Младиот менаџер на Монако, Тиери Анри зборуваше отворено, за судискиот третман за неговиот тим, на пресконференцијата по високиот пораз дома од Страсбург 1:5.

Според легендата на Арсенал, не бил досуден пенал за неговиот тим во решавачки момент од натпреварот при резултат 1:2.

Тоа беше стопроцентен пенал над Рони Лопеш. Во тој момент четвртиот судија ми кажа: “Многу жалам, но моментално ВАР системот не функционира”. Малку подоцна почна да функционира. Би сакал да знам зошто ВАР не работи за Монако. Ова веќе е премногу. Според мене тоа влијаеше на крајниот резултат од натпреварот. Ако изедначевме со играч помалку, противникот немаше да ја има истата самодоверба и остатокот од натпреварот ќе имаше друг карактер. – заврши Анри.

Неговиот колега од Страсбург, Тиери Лореј изјави дека го разбира потполно и се става на негово место. Тој бил предупреден од четвртиот судија дека во еден момент ВАР системот не работел, но потоа бил рестартиран. Лореј потсети дека веќе имало слични проблеми во Лига 1, така што на еден натпревар на Дижон не работел сите 90 минути.

Високиот пораз тотално го изнервира Анри, кој влезе во расправија со противнички фудбалер поради задржување време.

Монако останува на претпоследната позиција и сè уште е во борба за опстанок во Лига 1. Стразбур, со победата, изби на 5-тата позиција и е на само 4 бода од третопласираниот Сен-Етиен и местото кое води во Лига на шампиони.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *