Видео Шпанија
Karim Benzema
0 – 1Marc Cardona 39′
K. Benzema 59′1 – 1
K. Benzema 81′2 – 1

Карим Бензема е херојот на Зидан, постигнувајќи два гола за пресврт против Еибар.

Гостите поведоа со голот-лоб на Марк Кардона во 30-тата минута. На полувреме резултатот остана 0:1 за Еибар.

Бензема одлично скокна и биеше прецизно во 59-тата за израмнување, а во завршницата од натпреварот, во 81-та минута погоди на речиси идентичен начин, со глава и од слична позиција, за целосен пресврт и радост на “кралевите”.

Карим Бензема беше капитен на Реал Мадрид, во отсуство на Серхио Рамос. Очигледно ова позитивно влијаеше на мотивираноста на Французинот, кој го постигна 16-тиот, односно 17-тиот погодок сезонава, со што се изедначи со Уругваецот Кристијан Стуани на третата позиција на стрелци во Ла Лига. Втор е Луис Суарес со 19, а прв Лео Меси со дури 32.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *