Видео Франција
Рен го порази ПСЖ
0 – 1E. Cavani 36′
M. Niang (ас. H. Traoré) 44′1 – 1
R. Del Castillo (ас. E. Camavinga) 48′2 – 1

ПСЖ го доживеа првиот пораз уште во второто коло од француската Лига 1. Парижани, очекувано, настапија без Нејмар, кој тренира со групата но не е во комбинација за натпреварите поради големата фама околу неговата иднина.

Гостите влегоа како големи фаворити во натпреварот, но голот за водство го постигнаа по катастрофална грешка на одбраната на Рен. Стрелец беше Единсон Кавани, кој во 36-тата минута, будно ја следеше вратената топка до голманот Салин, кој киксираше, а Уругваецот без тешкотии му донесе предност на ПСЖ.

Гол за израмнување постигна поранешниот напаѓач на Милан, М’баје Нианг, кој во 44-тата минута одлично се снајде со топката на работ од шеснаесетникот на ПСЖ, биеше од свртување, а Ареола беше немоќен на голот.

По само 3 минути игра во второто полувреме, Едуардо Камавинга упати одличен центаршут од далечина, а Роман де Кастијо биеше одлично со глава, и донесе водство на Рен за голема радост на стадионот “Роажон парк”.

ПСЖ покажа нестабилност, но и традицијата не беше баш на нивна страна, бидејќи Рен е убедливо најтешкиот противник за парижани. Имено, Рен има 5 победи на последните 19 лигашки дуели со актуелниот француски шампион. Токму Рен беше тимот што му го украде на ПСЖ трофејот од Купот на Франција минатата сезона.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *