Англија Видео
Руи Патрисио му одбрани пенал на Погба
0 – 1A. Martial (ас. M. Rashford) 27′
Rúben Neves (ас. João Moutinho) 55′1 – 1

“Волците” повторно се покажаа како доста незгоден тим за Манчестер Јунајтед. Минатата сезона, и во двата дуела ги победија “црвените ѓаволи”. Овојпат, тимот на Солскјер “извади” бод на незгодното гостување во Вулверхемптон.

“Црвените ѓаволи” добро го започнаа натпреварот, и заслужено стигнаа до водство во 27-та минута, кога од една добро одработена акција, Марсијал прекрасно биеше од тежок агол, за радост на гостинските навивачи.

Во завршницата од првото полувреме, одбраната на домакините киксираше, овозможувајќи му слободен пат, на Марсијал, кон голот на Руи Патрисио, но Французинот се сопна и пропушти прилика за втор гол и сигурно водство од 2 гола.

Вулверхемптон беше друг тим во второто полувреме. По само неколку минути игра, Раул Хименес одлично биеше со глава, но за среќа на Де Хеа топката заврши само во стативата. Во 55-тата минута, Рубен Невес одлично прими топка пред шеснаесетникот на Манчестер Јунајтед, шутираше маестрално и неодбранливо за Де Хеа.

Во остатокот од натпреварот домакините беа за нијанса подобри, но гостите добија пенал во 68-та минута. Погба беше изведувачот, но Руи Патрисио одлично го одбрани силниот удар на Франзуцинот.

Вулверхемптон одигра уште еден одличен натпревар против екипа од топ 6, и сериозно се наметнува за место во горниот дел од табела, па можеби и излез во Европа догодина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *