Англија Видео
Серхио Агуеро, Манчестер Сити
0 – 1S. Agüero (ас. K. De Bruyne) 15′
0 – 2R. Sterling (ас. David Silva) 43′
H. Wilson 45’+31 – 2
1 – 3S. Agüero (ас. David Silva) 64′

“Граѓаните” се враќаат со полн плен од гостувањето кај Борнмут, со што избија на втората позиција со 7 бода, 2 помалку од лидерот Ливерпул.

Манчестер Сити започна офанзивно од самиот почеток на натпреварот, а тоа вроди со плод во 15-тата минута, кога Де Брујн го проигра Агуеро во противничкиот шеснаесетник, а Аргентинецот биеше “милиметарски” прецизно за водство на гостите.

Пред самиот крај на првото полувреме, Давид Силва одлично го проигра Стерлинг во казнениот простор на Борнмут, а англискиот репрезентативец вешто ја смести топката во мрежата на Рамсдејл. Ова е 5-ти гол за Стерлинг, со што се изедначи на првото место со Финецот Пуки од Норвич.

22-годишниот Велшки репрезентативец Хари Вилсон, во 3-тата минута од судиското продолжение, постигна прекрасен гол од директен слободен удар.

Конечните 1:3 ги постави Серхио Агуеро во 63-тата минута, а со тоа Аргентинецот стигна до својот 4-ти погодок сезонава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *