Видео Франција
Монако - Нимес
I. Slimani (ас. H. Onyekuru) 39′1 – 0
W. Ben Yedder 45’+12 – 0
2 – 1R. Philippoteaux (ас. Z. Ferhat) 70′
2 – 2A. Denkey (ас. Z. Ferhat) 82′

Монако сè уште мака мачи со формата, а очигледно и дисциплината. Фудбалерите на тимот од кнежеството прават директен црвен картон на трет меч во низа.

Монако влезе добро во дуелот, а поведоа во 39-тата минута со голот на позајмениот Ислам Слимани. Во судиското продолжение домакините зголемија на 2:0, со голот на новото засилување од Севиља – Висам Бен Једер.

Кога се чинеше дека домакините конечно ќе ја забележат првата победа во француската Лига 1, Бразилецот Жемерсон направи директен црвен картон. Гостите ја искористија предноста од играч повеќе и за само 15 минути намалија на 2:1 со голот на Филипото, а во 82-та минута, 18-годишниот Тогоанец Ауеке Денки погоди за конечни 2:2.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *