Видео Франција
ПСЖ слави против Тулуз
E. Choupo-Moting 50′1 – 0
M. Goncalves (автогол) 55′2 – 0
E. Choupo-Moting (ас. Juan Bernat) 75′3 – 0
Marquinhos (ас. Á. Di María) 83′4 – 0

ПСЖ експресно им се врати на победите, но плати скапа цена – се повредија главните напаѓачи Единсон Кавани и Мбапе

Домакините лошо го запонаа мечот – Единсон Кавани се повреди во 14-тата минута, а на негово место влезе резервистот Чупо-Мотинг кој одигра одличен натпревар.

Мрежите мируваа првото полувреме, но затоа ПСЖ распали во второто. Стрелец на првиот гол беше токму Камерунецот Чупо-Мотинг во 50-тата минута. 5 минути подоцна, Конкалвес си постигна автогол за сигурно водство на домакините од 2:0.

Во 66-тата минута се повреди и Килијан Мбапе, а за сега не се знае колку сериозна е повредата на Французинот. 3 минути подоцна, Анхел ди Марија промаши пенал, но затоа Чупо-Мотинг погоди во 75-тата за водство од 3:0. Конечните 4:0 ги постави бразилскиот стопер Маркињос.

Со победава, парижани се искачија на третата позиција, со 6 бода од 3 меча. Рен е прв на табелата со максимален учинок, т.е. 9 бода.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *