Видео Евро2020
0 – 1Cristiano Ronaldo (пенал) 7′
V. Andriuškevičius (ас. M. Kuklys) 28′1 – 1
1 – 2Cristiano Ronaldo (ас. Rafa Silva) 61′
1 – 3Cristiano Ronaldo (ас. Bernardo Silva) 65′
1 – 4Cristiano Ronaldo (ас. Bernardo Silva) 76′
1 – 5William Carvalho 90’+2

Португалците влегоа добро на натпреварот против Литванците и поведоа веќе во 7′, кога Роналдо прецизно биеше од белата точка за 0-1.

Домаќините изедначија во 28′ на 1-1, преку Андриушкевичиус, кој беше најснаодлив во шеснаесетникот на Португалците и погоди прецизно со глава.

Во второто полувреме Португалците доминираа, а Роналдо ги искористи одличните шанси да запише во листата на стрелци уште неколку пати.

Во 61′ ѕвездата на Јуве постигна гол среќно, пред сè благодарение на катастрофалната интервенција на Литванскиот голман.

Во 65′ Роналдо ја искористи прекрасната аистенција од Бернардо Силва и погоди за 1-3.

Во 76′ повторно Бернардо одлично го проигра Роналдо, а капитенот на Португалците биеше во долниот десен агол за водство од 1-4.

Конечните 1-5 ги постави Вилијам Карваљо во судиското продолжение.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *