Свет
Бразил - Перу
0 – 1L. Abram (ас. Y. Yotún) 85′

Перу забележа престижна победа од 1:0 против јужноамериканскиот првак Бразил, на пријателскиот меч одигран во Лос Анџелес, САД. “Кариоките” играа со речиси полн состав, но и покрај тоа не успеаа да најдат пат до голот на Перу, додека пак “Инките” го искористија својот момент во завршницата од натпреварот, за да му го нанесат првиот пораз на Бразил по Светското првенство 2018.

Единствениот гол за победа го постигна Луис Абрам во 85-тата минута, кој одлично биеше со глава на нафрлената топка од слободен удар од Јошимар Јотун.

Ова е прв пораз на Бразил во сите натпреварувања, по поразот 1:2 од Белгија во 1/4 финалето од Светското првенство во Русија 2018. Од тогаш наваму, тимот на Тите има импресивни 14 победи и 3 нерешени средби.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *