Видео Лига на шампиони
Атлетико Мадрид, Јувентус
0 – 1J. Cuadrado (ас. G. Higuaín) 48′
0 – 2B. Matuidi (ас. Alex Sandro) 65′
S. Savić (ас. J. Giménez) 70′1 – 2
H. Herrera (ас. K. Trippier) 90′2 – 2

Атлетико Мадрид и Јувентус одиграа возбудлив натпревар со дури 4 гола. Италијанците имаа предност од 2 гола на 20 минути до крајот, но домакините со два гола во завршницата се спасија од пораз.

И двата клуба влегоа претпазливо во првото полувреме, поради што не беше многу возбудливо и заврши само 0:0.

Затоа, гостите постигнаа гол за само 3 минути игра во второто. Главен инспиратор беше Гонзало Игуаин, кој одлично прими една долга топка од одбраната, а уште поубаво го проигра Хуан Куадрадо, кој постигна феноменален гол во далечниот агол на Јан Облак.

Гостите зголемија на 0:2 во 65-тата минута, со голот на Матуиди, кој се најде во противничкиот шеснасетник при една добро нафрлена топка од Алекс Сандро.

Атлетико намали само 5 минути подоцна, кога Црвногорецот Стефан Савиќ добро се снајде при една одбиена топка во петерецот на Јувентус.

Во последната минута од натпреварот, домакините изедначија со гол од корнер чиј стрелец беше новото засилување од Порто – Ектор Ерера кој беше највисок при одлично изведениот корнер од Кевин Трипиер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *