Видео Лига Европа
Антони Марсијал, Манчестер Јунајтед
M. Greenwood 21′1 – 0
A. Martial (ас. M. Greenwood) 33′2 – 0
M. Rashford (ас. A. Young) 49′3 – 0

Манчестер Јунајтед го одигра еден од најдобрите натпревари сезонава и заслужено слави победа од 3:0 против Партизан. “Црвените ѓаволи“ се сигурни патници во 1/16 финалето во Лига Европа.

Победава од 3:0 воедно е и највисока за Манчестер Јунајтед во досегашниот циклус од групната фаза во ЛЕ. Имено, тимот на Солскјер имаше само 2 гола постигнати на претходните 3 натпревари.

Гостите од Белград не покажаа ништо на “Олд Трафорд“ поради што драстично ги намалија шансите за европска пролет.

Манчестер останува лидер во групата “Л“ со 10 бода, АЗ Алкмар е втор со 8, Партизан трет со 4, а Астана е последна без бодови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *