Лига на шампиони Шпанија
Валенсија, корона вирус, Аталанта

Само неколку дена по враќањето на тимот од Милано, од Валенсија објавија дека преземаат сериозни мерки за превенција од ширење на корона вирусот. Клубот ги откажа сите прес-конференции со првиот тим.

Минатата среда Валенсија гостуваше кај Аталанта, во првиот 1/8 финален дуел од Лигата на шампионите. “Марка” соопштува дека од шпанскиот клуб размислуваат реваншот на 10-ти март на “Местаља” да се игра пред празни трибини.

По враќањето на тимот на Валенсија од Италија, шпанските здравствени власти испратиле четири навивачи и еден новинар во карантин.

До денес, на територијата на Шпанија има вкупно 32 регистрирани случаи на корона вирус, од кои 9 се во регионот на Валенсија.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *