Напаѓачот на Јувентус Кристијано Роналдо ќе стане третиот активен спортист во светот со 1 милијарда долари, соопштува Business Insider.
Пред 35-годишниот Португалец се само американскиот голфер Тајгер Вудс и американскиот боксер Флојд Мејведер.
Роналдо ќе ја помине милијардата малку подоцна годинава, поради намалувањето на платите во Јувентус како последица од кризата од коронавирусот.
Во групата спортисти-милијардери наскоро ќе се приклучи и Роџер Федерер, со што ќе стане првиот тенисер со богатство вредно милијарда долари.
Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!